Ерасмус+ Младинска Размена Theater as a mechanism for social support of young people with fewer opporutnities, Келн, Германија 15-22.07.2022 🇩🇪

By August 31, 2022 September 9th, 2022 NGO

Кочани, 31.08.2022

Ерасмус+ Младинска размена – Theater as a mechanism for social support of young people with fewer opporutnities, Келн Германија 🇩🇪

6 преставници на нашата организација (5 младинци и 1 национален лидер) учествуваа на Младинска размена во Келн Германија на тема – Theater as a mechanism for social support of young people with fewer opporutnities на која што учествуваа преставници на организации од Германија, Кипар, Бугарија, Франција и Италија.

ЦЕЛИТЕ НА ОВАА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА БЕА:
– Доближување на младите учесници до опасните ефекти од дискриминацијата, расизмот и говорот на омраза
– Промоција на респектабилност и еднакви можности преку театарски претстави, користење на театарот како алатка за подигање на јавната свест
– Креирање методи за борба против дискриминацијата, говорот на омраза и подигање на јавната свест
– Обезбедување можности за маргинализираните млади да имаат еднаков пристап до неформално учење, младинска работа и младински активизам
– Едукација на младите да го користат театарот како алатка за едукација, комуникација и афирмација
– Обезбедување простор за маргинализираните млади луѓе да учествуваат во сите процеси на одлучување, во процеси кои се протегаат на нивните сопствени права, благосостојба и интереси.
– Доближување на младите до програмата Еразмус + и зголемување на нивната мотивација за поголема меѓународна соработка, доближување до сертификатот Youth pass како алатка за документирање на стекнатото знаење

Во текот на оваа соработка и оваа младинска размена преставниците на нашата организација имаа можност да се доближат и до локалната германска култура во Келн но и да ја презентираат нашата традиција преку промоција на традиционални игри, храна и пијалоци. Во текот на процесот на соработка нашите преставници ги промовираа нашите можности и идни проекти пред интернационалните соработници и креираа нови идеи за организација на активности во блиска иднина во областа на театарот, културата и драмата.

 

Во текот на проектот нашите учесници имаа можност да бидат дел од организација на 2 театарски сценарија во центарот на КЕЛН преку кои се промовираа идеи за подигање на јавната свест и промоција на еднакви можности за маргинализраните категории преку не формално учење, тетар и престава.

СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!

ИСКРЕНО ВАШ

ЈЈ

Leave a Reply