Ерасмус+ 🇪🇺 Тренинг Курс CREACTION, Писури, Кипар 🇨🇾 21-30.10.2023

By December 6, 2023 July 13th, 2024 NGO

Кочани 06.12.2023

🛑Во текот на оваа соработка 4 младински работници преставници на нашата организација ги подобрија своите компетенции и вештини во областа на булингот и онлине безбедноста. Беа промовирани креативни активности за подигање на свеста за минимизирање на дискриминацијата онлине и поддршка на лицата со помалку можности таргет на дискриминација и говор на омраза.
🛑 Проектот овозможи доближување до нови интернационални практики во областа на младинската работа со користење на не формално образование и едукативен акт. Младинските работници имаа можност да бидат во улога на лица со попреченост и да промовираат емпатија, пријателство и соработка.
🛑 Преку организација на интеркултурни вечери беше промовирана македонската 🇲🇰 култура, традиција, песна и музика. Во текот на процесот на соработка младинските работници имаа можност да се доближат до различни ЕУ култури да ги препознаат ЕУ различности и традиции.

СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!

ИСКРЕНО ВАШ

ЈЈ

Leave a Reply