Кочани, 04.11.2021
3 Преставници на ЈУНАЈТЕД ЈУТ имаа можност да учествуваат во 8 дневен проект поддржан од страна на Ерасмус+ програмата кој што се одража во Лимасол Кипар во периодот од 21ри до 31 Октомври.
Учесниците преку различни методологии на не формално образование имаа можност да ги подобрат своите вештини во областа на едукацијата и да се стекнат со нови национални практики на едукација на младински работници во заедничка соработка со преставници на организации од Кипар, Хрватска, Португалија, Украина, Русија, Романија и Шпанија.
Дефинираните цели на овој Ерасмус+ проект беа:
– Развој на потолерантно, инклузивно и порамноправно општество.
– Поддршка на учесници со помалку можности кои имаат лимитирани можности за тренинг и едукација.
– Трансфер и развој на знаења преку европска мобилност – програми за младински работници.
– Унапредување на европската соработка помеѓу невладините организации и размена на национални практики во областа на тренингот и едукацијата.
– Подобрување на клучните компетенции и вештини на младите.
– Промовирање на учество и активно граѓанство пред европскиот пазар на трудот.
– Зголемување на можностите за мобилност за учење за младите луѓе активни во младинската работа.
Во текот на активностите учесниците имаа можност да учествуваат во кулутрни посети на Лимасол и Пафос каде што имаа можност да се доближат до локалната култура, традиција, храна, пијалоци и обичаи.
Нашите преставници имаа можност и да ја промовираат македонската азбука организирајќи едукативна сесија но исто така промовираа и едукативни игри за социјална еднаквост помеѓу учесниците. Во текот на проектот нашите преставници организираа македонска интеркулутрна вечер преку која што ја промовираа македонската храна, пијалоци, песна и култура.