Во периодот од 02 до 09 јули 3 преставници на нашата организација КОСТАДИН РУНЧЕВ, МИЛКО МИХАЈЛОСКИ и МАЈА ЈОРДАНОВСКА имаа можност да учествуваат во Ерасмус+ Тренинг курс кој се одржа во Клермот Франција. Проектот промовираше 30 младински работници од 10 ЕУ невладини организации од – Франција, Македонија, Романија, Кипар, Естонија, Италија, Бугарија, Португалија, Турција и Шпанија.
Овој проект вклучи 30 младински работници и млади луѓе од 10 земји на ЕУ со цел да научат, дискутираат и споделат практики на темата рурални развој преку не формалното образование и младинската работа. Овој проект и овозможи на младинските работници да соработуваат на темата за рурален развој, невработеност на младите од неразивените рурални области но и одливот на мозоци од руралните области.
Главните цели на овој проект беа:
1- Тренинг и едукација на 30 младински работници со соодветни неформални методи и алатки за образование кои што ќе ги промовираат како катализатори на промените во развојот на руралните области на ЕУ
2- Намалување на невработеноста на младите во европските рурални области преку младинско учество и методи на претприемништво
3- Овозможување на млади учесници да учествуваат во развивањето на заедницата во која што живеаат преку различни акции и кампањи
4- Креирање на пакет алатки и видео што ќе содржи алатки и методи кои ќе им помогнат на младите работниците ја ангажираат и ја зајакнуваат својата младост
Проектот и овозможи на Европските млади да ги развиваат своите рурални области преку претприемачки потфати и разни активности базирани на упатствата на програмата ERASMUS +.
Учесниците дефинираа методологии кои ќе им овозможат на организациите акции за:
– подобрување на компетенциите, поврзани со професионални профили на младински работници (опремување на младите работници со нови работни алатки и споделување практики што ќе им помогнат во нивната работа)
– дозволуваат пошироко разбирање на практиките, политиките и системите во образованието, обуката или младинска работа низ земјите; (разбирање на социо-политичката реалност на руралноста во ЕУ, прашањето за одливот на мозоци во руралните средини, депопулацијата и улогата на младинските работници)
– зголемување на способноста на младинските работници за решавање на потребите на загрозените лица (NEETS, млади) од рурални области и сл.)
Учесниците во текот на овој проект имаа можност да учестуваат и во културна посета на Париз, Лион и Клермот.
ЈУНАЈТЕД ЈУТ