Успешно реализиран уште еден вебинар М 5 – Транскултурна соработка – јас и културите кои ме опкружуваат.

By September 15, 2021 NGO
Преку оваа презентација учесниците имаа можност да се доближат до различните култури, традиции и обичаи во нашата земја но и механизмите за подобра културна соработка помеѓу жителите од различни националности и култури.
Во текот на овој вебинар преставници на нашата организација ги споделија искуства од учеството во Ерасмус+ проектите и ги промовираа активностите за културна промоција на земјата која што ја преставуваат. Нашите преставници промовираа искуства од Интеркултурните презентации на проектите каде секој национален тим промовира своја култура, традиција, обичаи, храна, пијалоци, облека.
Учесниците имаа можност да се доближат и новите Е+ можности кои ги нуди нашата организација за интернационална соработка и размена на културни искуства, традиции и навики.

Leave a Reply