Koчани, 17.03.2024
Во текот на размената, учествуваа 8 (7 + 1 национален лидер) претставници од нашата организација. Во текот на оваа соработка, како и во низата на сите претходни Младински Размени и Тренинг Курсови од нашата организација, поддржани од Еразмус+ програмата, имаа можност нашите претставници да се стекнат со нови искуства во областите на младинскиот активизам и неформалното образование. Исто така, имаа можност да се запознаат и со YouthPass сертификатот, што е тоа?, За што можи да ни користи? и како да ги евидентираат своите стекнати знаења и вештини во текот на програмата, со користење на токму овој сертификат, кој е признаен и баран од ЕУ.
Во текот на оваа соработка, нашите учесници, како и сите останати учесници од Србија , Бугарија , Грција, Турција и Романија , имаа можност да разменат практики како некој да биде вклучен во заедницата, како некој да се поттикне да ги користи своите социјални, презентациски, комуникациски вештини и да шири нови познанства. Истовремено, им беше дадена можност на младите да разменат практики и искуства во областа на културата, инклузија на младите со помалку можности, кои пак се, со лимитирани вештини и знаења.
Нашите претставници ја промовираа и македонската култура, со експонирање на своите пијалоци, песни, музика, храна, фолклор танцови… на останатите учесници, од другите земји. Освен што, нашите учесници ја промовираа својата култура, тие имаа можност да се доближат и запознаат други, различни ЕУ култури и традиции, на истиот начин како нас, преку културна промоција на секоја земја.
\\
СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!
ИСКРЕНО ВАШ
ЈЈ