Еразмус+ 🇪🇺 Младинска размена ‘Yes for inclusion, no for discrimination’, 18-25.03.2024, С Елена, Каљари – Сардинија, Италија 🇮🇹

Кoчани 25.03.2024
⭕️ Во текот на размената, учествуваа 6 (5+ 1 национален лидер) претставници од нашата организација. Во текот на оваа соработка, како и во низата на сите претходни Младински Размени и Тренинг Курсови од нашата организација, поддржани од Еразмус+ програмата, имаа можност нашите претставници да се стекнат со нови искуства во областите на младинскиот активизам и неформалното образование. Исто така, имаа можност да се запознаат и со YouthPass сертификатот, кој е признаен и баран од ЕУ.
⭕️ Во текот на оваа соработка, нашите учесници, како и сите останати учесници од Литванија 🇱🇹, Полска 🇵🇱, Португалија 🇵🇹, Германија 🇩🇪 и Хрватска 🇭🇷 имаа можност да разменат практики како некој да биде вклучен во заедницата, како некој да се поттикне да ги користи своите социјални, презентациски, комуникациски вештини и да шири нови познанства. Истовремено, им беше дадена можност на младите да разменат практики и искуства во областа на културата, инклузија на младите со помалку можности, кои пак се, со лимитирани вештини и знаења.
⭕️ Нашите претставници ја промовираа и македонската 🇲🇰 култура, со експонирање на своите пијалоци, песни, музика, храна, фолклор танцови… на останатите учесници, од другите земји. Освен што, нашите учесници ја промовираа својата култура, тие имаа можност да се доближат и запознаат други, различни ЕУ култури и традиции, на истиот начин како нас, преку културна промоција на секоја земја.

 

СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!

ИСКРЕНО ВАШ

ЈЈ

Leave a Reply