Ерасмус+🇪🇺 Mладинска размена “Recycle your role”, 26.04-06.05.2024 Ел Роцио, Шпанија 🇪🇸

Koчани 06.05.2024

Во текот на размената, учествуваа 5 (4+1 национален лидер) претставници од нашата организација. Во текот на оваа соработка, како и во низата на сите претходни Младински Размени и Тренинг Курсови од нашата организација, поддржани од Еразмус+ програмата, имаа можност нашите претставници да се стекнат со нови искуства во областите на младинскиот активизам и неформалното образование. Исто така, имаа можност да се запознаат и со YouthPass сертификатот, кој е признаен и баран од ЕУ.
Во текот на оваа соработка, нашите учесници, како и сите останати учесници од Германија, Шпанија, Франција и Турција имаа можност да разменат практики во секојдневниот живот како на пример како некој да биде вклучен во заедницата, како некој да биде прифатен во општеството, како да може да го искажеме своето мислење, како да комуницира и како да се бори за своја еднаквост. Истовремено, им беше дадена можност на младите да разменат практики и искуства во областа на културата, за младите да можат да запознаат поразлични култури ширум светот.
Нашите претставници ја промовираа и македонската култура, со експонирање на своите пијалоци, песни, музика, храна, фолклор танци на останатите учесници, од другите земји. Освен што, нашите учесници ја промовираа својата култура, тие имаа можност да се доближат и запознаат други, различни ЕУ култури и традиции, на истиот начин како нас, преку културна промоција на секоја земја.

СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!

ИСКРЕНО ВАШ

ЈЈ

Leave a Reply