Ерасмус+ 🇪🇺 Mладинска размена “Green Gen”, 5-14.06.2024 Лас Палмас, Гран Канариа 🇮🇨

Κοчани, 14.06.2024

◾️Нашата организација беше сочинета од 6 преставнички кои имаа можност да го прошират своето знаење во областа на природните ресурси и заштита на истите. Воедно се дискутираше и на темите за неформалното образование, социјалната вклученост како и влијанието и улогата на младите за подобра иднина.
▪️Претставниците од Македонија 🇲🇰, Србија 🇷🇸 , Шпанија 🇪🇸 , и Белгија 🇧🇪 освен што ги посетија културните обележја на Гран Канариа како песочните дини на Маспаломас и вулканските црни плажи, разработуваа детален план на нивна заштита. За време на размената нашите претставнички беа активно вклучени во голем број работилници каде ја искористија приликата да разменат искуства во областа на културата, меѓународните односи и јазичната попреченост.
▪️ Претставувањето на нашата земја ❤️🇲🇰преку промоција на модерна и народна музика и танцови беше топло прифатена од останатите учесници и одличен начин на зближување на различните култури и традиции.
▪️Вложениот труд и соработка резултираше со успешно напишан и обработен план за Ерасмус+ проект за кои стискаме палци дека ќе биде одобрен 🙌🏻
Ве замолуваме проследете го и нашето промотивно видео за оваа младинска размена промавирано на социјалните медиуми
https://www.instagram.com/p/C8KuVKRI4sT/

СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!

ИСКРЕНО ВАШ

ЈЈ

Leave a Reply