Ерасмус+ Младинска Размена ”BALANCE SCOPE” Банско, Бугарија 🇧🇬 17-25.10.2022

By December 21, 2022 NGO

Кочани, 21.12.2022

Ерасмус+ Младинска размена –”BALANCE SCOPE” Банско, Бугарија 🇧🇬 17-25.10.2022

6 преставници на нашата организација (5 младинци и 1 национален лидер) учествуваа на Младинска размена во Банско Бугарија на тема – BALANCE SCOPE која се одржа во периодот од 17 до 25 Октомври на која што учествуваа млади учесници и национални лидери преставници на организации од Бугарија, Србија, Македонија, Турција, Чешка, Хрватска и Романија.

Во текот на оваа соработка беа организирани активности од областа не формалното образование со цел младите да се стекнат со здрави навики и активен живот преку кој што ќе имаат можности правилно да се развиваат и да ги избегнат пороците на денешницата. Во текот на соработката беа дефинирани методи за правилна исхрана и активен спортски живот преку кој што младите ќе имаат можност правилно да се развиваат и да се промовираат како спортски амбасадори кои промовираат позитивни промени во својата заедница.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ЦЕЛИТЕ НА ПРОЕКТОТ И ПОТРЕБИТЕ ЗА НЕГОВА РЕЛИЗАЦИЈА:
The specific objectives of our project are:
• To foster understanding of the importance of good nutritional habits and regular physical activity;
• To encourage the quality use of digital tools, that does not lead to obesity;
• To empower youth to multiply their knowledge, skills, and attitudes and be the change-makers in their communities;
• To promote Erasmus+ as a valuable tool in building healthier societies;
• To empower the respect of the differences, better understanding of European values and develop a sense of
European citizenship;
Во текот на оваа младинска размена беа организирани спортски активности кои промовираа спортски активности и беа промовирани национални практики преку кои младите имаа можност да ги поробрат своите знаења, компетенции и вештини во областа на спортот и прекумерното користење на мобилни телефони и социјални медиуми. Беа изработени механизами за подигање на јавната свест и акции за лимитирано користење на мобилните телефони и поголема спортска активност за здрав и правилен развој на младите генерации низ Европа.

Нашите преставници на организацијата преку оваа младинска размена ги промовираа националните практики во областа на Ерасмус плус програмата и ја презентираа нашата организација како институција која активно организира активности од олбаста на младински активизам, младинска работа и не формално образование промовирајќи млади со помалку можности кои припаѓаат на ранливи категории.

СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!

ИСКРЕНО ВАШ

ЈЈ

Leave a Reply