Кочани, 29.07.2022
Ерасмус+ Младинска Размена Better mental wellness of migrant youth, Келн Германија 15-22.06.2022 🇩🇪
6 преставници на нашата организација (5 младинци и 1 национален лидер) учествуваа на Младинска размена во Келн Германија на тема -Better mental wellness of migrant youth на која што учествуваа преставници на организации од Германија, Шпанија, Кипар, Бугарија и Србија.
Целите на проектот беа:
– Промоцијата на јогата како метод за заштита на менталното здравје
– Презентација на национални методи за подигање на јавната свест за здравствената грижа
– Дизјанирање на методи за идни активности за заштита на менталното здравје на младите
– Промоција на Ерасмус+ програмата како механизам за соработка и промоција на млади со помалку можности
– Креирање на младински политики за социјална инклузија на маргинализраните млади преку не формално учење
Во текот на оваа соработка и оваа младинска размена преставниците на нашата организација имаа можност да се доближат и до локалната германска култура во Келн но и да ја презентираат нашата традиција преку промоција на традиционални игри, храна и пијалоци. Во текот на процесот на соработка нашите преставници ги промовираа нашите можности и идни проекти пред интернационалните соработници и креираа нови идеи за организација на активности во блиска иднина за заштита на менталното здравје.
Во текот на процесот на соработка, учесниците имаа можност да се доближат и до новите Ерасмус+ можностис но и идеи кои ги нуди програмата за едукација и развој на младински активизам. Учесниците активно беа вклучени во процес на рефлексија и евалуација на постигнати резултати со користење на Youth pass алатката – сертификат кој што го добиваат учесниците по завршување на секој Ерасмус+ проект.
СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!
ИСКРЕНО ВАШ
ЈЈ