Ерасмус+ Тренинг Курс Creating methods for social promotion and inclusion of marginalised EU citizens – Порто, Португалија 24.09 – 03.10.2021 🇵🇹

By October 7, 2021 July 17th, 2022 NGO

Кочани, 07.10.2021

5 Преставници на ЈУНАЈТЕД ЈУТ имаа можност да учествуваат во 8 дневен проект поддржан од страна на Ерасмус+ програмата кој што се одража во Порто Португалија во периодот од 24ти Септември до 3ти Октомври.

Учесниците имаа можност да ги промовираат своите искуства и познавања во областа на социјалната инклузија преку користење на методи од не формалното образование во заедничка соработка со преставници на организации од Турција, Германија, Португалија, Полска, Хрватска и Бугарија.

Целите на овој Ерасмус+ проект беа:
– Промовирање на можни идни решенија за социјална инклузија на маргнализраните во 7 ЕУ држави
– Презентирање на национални практики и искуства во областа на социјалната поддржка на маргинализраните
– Користење на социјален дијалог за соработка со маргинализраните и нивно мотивирање за активно вклучување во општествениот живот
– Креирање на меѓукулутрна соработка со промоција на различности од ЕУ
– Учество на учесници со помалку можности кои се цели на дискриминација, говор на омраза и расизам
– Презентација на новата Ерасмус+ програма како можност за социјална промоција на маргинализарните

Во текот на проектот учесниците се стекнаа со знаења од областа на социјалната инклузија нои се доближија до национални практики и искуства на земјите учеснички на проектот. Преку интернационална соработка учесниците имаа можност да се запознаат со механизами за борба против говорот на омраза насочен кон лицата со помалку можности – лица баратели на азил, мигранти, имигранти, бегалци и останати ранливи категории.

Во текот на активностите учесниците имаа можност да учествуваат во кулутрни посети на Порто, Брага, Авеиро и Лисабон каде што имаа можност да се доближат до локалната култура, традиција, храна, пијалоци и обичаи.

Нашите преставници имаа можност и да ја промовираат македонската азбука организирајќи едукативна сесија но исто така промовираа и едукативни игри за социјална еднаквост помеѓу учесниците. Во текот на проектот нашите преставници организираа македонска интеркулутрна вечер преку која што ја промовираа македонската храна, пијалоци, песна и култура.

Дел од нашите преставници исто така имаа среќа и можност да присуствуваат на натпревар од ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ во фудбал помеѓу ПОРТО – ЛИВЕРПУЛ 1-5 и уживаа во мајсториите на светски познатите фудбалски асови.

ЈУНАЈТЕД ЈУТ

Leave a Reply