Ерасмус+ 🇪🇺 Младинска размена “Creative and Initiative Youth in Locals”, 22-30.04 Тукси, Естонија 🇪🇪

Koчани, 30.04.2024

🔵7 учесници од Македонија ја претставија нашата организација во Естонија. Темата на размената опширно ги опфати руралните средини. Во руралните средини младите луѓе често се соочуваат со секојдневни проблеми како што се: неразвиен транспорт, недоволно работни места, лоши еколошки услови, економски и социјални предизвици. Ова размена им даде можност на нашите млади да научат повеќе за овие предизвици и да развијат креативни и иновативни решенија за истите. Преку дискусии, работилници наменети за подобрување на животот на младите во овие средини, разменување на искуства и директни решенија кои можат да се имплементираат, учесниците го проширија нивното знаење на оваа тема и дадоа активно учество.
🔵За време на младинската размена тие открија што значи да бидат дел од Erasmus+ програмата и неформалното образование. Исто така, имаа прилика да дознаат повеќе за социјалната вклученост на младите.
🔵Претставниците од Македонија 🇲🇰, Естонија 🇪🇪, Романија 🇷🇴 , Турција 🇹🇷 и Шпанија 🇪🇸 ја споделија својата култура преку традиционална храна и традиционални пијалоци. Заедно заиграа и се споија преку топлата музика на нивните земји.
🇲🇰„Ни беше чест и задоволство да ја претставиме нашата убава земја и се надеваме дека нашето учество во областа на неформалното образование ќе биде им од биде од корист и инспирација на другите млади.” – изјавија нашите учесници.

СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!

ИСКРЕНО ВАШ

ЈЈ

 

Leave a Reply