Ерасмус+ 🇪🇺 Тренинг курс “Our youth, Our planet, Our future”, 8-12.04, Берлин, Германија 🇩🇪

Koчани 12.04.2024
◾️Нашата организација беше сочинета од 6 преставници кои имаа можност да го прошират своето знаење во областа на природните ресурси и нивното рециклирање. Воедно се дискутираше и на темите за неформалното образование, социјалната вклученост како и влијанието и улогата на младите за подобра иднина.
▪️Претставниците од Македонија 🇲🇰, Германија 🇩🇪, Хрватска 🇭🇷 , Турција 🇹🇷 и Полска 🇵🇱 имаа организирана посета во природниот центар во Берлин за практично промовирање на стекнатото знаење. За време на тренингот претставниците беа активно вклучени во голем број работилници каде ја искористија приликата да разменат искуства во областа на културата, меѓународните односи и јазичната попреченост водејќи се од слоганот “Different in similarities “ .
▪️Претставувањето на нашата земја ❤️🇲🇰преку промоција на модерна и народна музика и танцови беше топло прифатена од останатите учесници и одличен начин на зближување на различните култури и традиции.

СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!

ИСКРЕНО ВАШ

ЈЈ

Leave a Reply