
Koчани, 09.03.2025
Дисиминација и промоција на постигнати резултати од Ерасмус+ 🇪🇺 Тренинг курс “Social inclusion through entrepreneurship (SITE)”, 01-08.03.2025 Даламан, Турција
Во периодот од 1 до 8 март, 3 претставници младински работници од нашата организација учествуваа на Еразмус+ тренинг курсот „Social Inclusion through Entrepreneurship“ во Даламан, Турција. Овој проект обедини млади луѓе и младински работници од Турција, Македонија, Португалија, Германија, Бугарија, Латвија и Кипар, со цел да се стекнат и да развијат претприемачки вештини и алатки за поддршка на маргинализираните заедници. Преку интерактивни работилници, практични задачи и тимска работа, учесниците научија како претприемништвото може да биде инструмент за социјална инклузија. Развиени беа иновативни идеи за социјални бизниси, а учесниците ги подобрија своите комуникациски, лидерски и менаџерски вештини.
Мотивирани и инспирирани од предизвиците со кои се соочуваат маргинализираните категории во процесот на барање работа, невработеноста и потребата за социјална инклузија преку претприемништво, младински работници од 7 невладини организации од ЕУ создадоа план за организација и имплементација на Еразмус+ Клучна Акција 153 – Мобилност на младински работници. Преку 8-дневни активности од областа на неформалното образование, младинските работници, обучувачи, младински лидери и претставници на организации имаа можност да ги подобрат своите компетенции, вештини, знаења и способности поврзани со претприемништвото, кои се очекува да ги имплементираат во блиска иднина за време на активностите и работата на организациите. За време на проектот, учесниците имаа можност да се стекнат со практично искуство преку посета на центар за поддршка, вработување и социјална инклузија на маргинализираните и учествуваа во панел дискусија со претприемачи, донесувачи на одлуки, професори и едуактори кои работат со маргинализирани лица. Во текот на процесот на соработка преку проектот, беше создаден план за организација на јавна кампања за подигнување на јавната свест и промоција на проблемите со кои се соочуваат маргинализираните во процесот на барање работа. Во текот на проектот и соработката, беа промовирани методи за поддршка на маргинализираните категории, размена на национални практики од 7 ЕУ земји, механизми за поддршка и социјална инклузија на маргинализираните на пазарот на трудот, вреднување на нивните работни вештини, намалување на трудовата експлоатација и дискриминација за време на работата и промоција на еднакви работни права за маргинализираните категории.
ПОТРЕБИ НА ПРОЕКТОТ: Во почетната фаза на создавање на иницијалната идеја за реализација на овој проект, координаторот достави онлајн прашалник до сите 6 партнерски организации за проценка на потребите, можностите и организациските капацитети. Сите партнерски организации вклучени во оваа соработка имаа задача да спроведат интервјуа со 15 младински работници, претставници на организации во областа на претприемништвото и социјалната поддршка на маргинализираните. Анализираните потреби од спроведеното истражување се:
- Потреба од размена на национални практики во областа на претприемништвото и подобрување на вештините на младинските работници
- Потреба од дефинирање на методологии, механизми и концепти за поддршка на маргинализираните групи преку младинска работа и неформално образование
- Потреба од промоција на учесници со помалку можности преку неформално образование и ЕУ образовни програми како што се Еразмус+ и ЕСК
- Потреба од создавање нови иновативни активности за поддршка на маргинализираните во процесот на нивното образование
- Потреба од создавање методи за подигнување на јавната свест за еднакви можности за вработување, право на плата и промоција на маргинализираните на пазарот на трудот
ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ:
- Обучување, едукација и подготовка на младински работници во областа на претприемништвото и работа со маргинализирани категории
- Промоција на претприемништвото како механизам за поддршка на маргинализираните на пазарот на трудот преку младинска работа
- Дефинирање на механизми за подигнување на јавната свест за промоција на маргинализираните во општество со отворен пазар
- Размена на национални практики во процесот на претприемништво и промоција на добри практики меѓу ЕУ земјите
- Презентација на програмата Еразмус+ како алатка за промоција на младински работници со помалку можности во отворено инклузивно општество
Со стекнатото знаење и искуство, нашите учесници ќе продолжат да работат на локално ниво за да поттикнат позитивни промени во заедницата, поддржувајќи ранливи групи преку одржливи претприемачки иницијативи. Во текот на оваа соработка, нашите младински работници имаа можност да го посетат и Универзитетот Мугла и да ги споделат своите искуства во областа на Еразмус+ програмата.
За повеќе информации и визуелни материјали од настанот, ве покануваме да ја посетите нашата официјална Facebook страница.
СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!
ИСКРЕНО ВАШ
ЈЈ