Koчани 10.24.2024
Дисиминација и промоција на постигнати резултати од Ерасмус+ младинска размена “Building better youth mental health” која се одржа во Даламан, Турција , во периодот од 11- 18 октомври
Главните цели кои беа постигнати на овој проект се:
- Обука на учесниците за важноста на менталното здравје, симптоми и совети за рано откривање и дејство.
- Промоција на практики на ЕУ и светски практики за менталното здравје и успешно одржана работилница “Mental health days”.
- Креирање методи за подигнување на јавната свест за здравјето на младите- здрав ум и здраво тело.
- Подготовка на видео записи од практични примери, каде младите би ѓи увиделе почетните симптоми при нарушено ментално здравје и превземање превентивни мерки.
- Нашата организација беше претставена од 4 младински работници кои имаа можност да се вклучат како волонтери во активности поврзани со младински активиза
Претставниците од Македонија , Хрватска , Португалија , Германија и Турција имаа можност да креираат меѓусебна соработка и да промовираат национални искуства и практики во областа на менталното здравје кај младите.
Македонија беше претставена преку модерна и народна музика и танцови како и карактеристична храна за нашата држава. Ова се покажа како одличен начин на зближување на различните култури и традиции меѓу 5те држави.
СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!
ИСКРЕНО ВАШ
ЈЈ