Kочани 17.09.2024
Дисиминација и промоција на постигнати резултати од Ерасмус+ тренинг курс наречен пандемија на дезинформации “The Pandemic of Disinformation” одржан во Каљари, Сардинија , во периодот од 9 – 16 септември.
Главните цели кои беа постигнати на овој проект се:
• Обука на учесниците за тоа како да се справуваат со лажни вести онлајн и негативни информации на интернет.
• Промоција на практики на ЕУ и светски практики во борбата против негативните влијанија на интернет.
• Креирање методи за подигнување на јавната свест и рационално и безбедно користење на онлајн податоци, рационално користење на интернетот и социјалните медиуми.
• Креирање план за организациите да се промовираат како центри за борба против дискриминацијата онлајн и говорот на омраза на интернет.
Нашата организација беше претставена од 4 младински работници кои имаа можност да се вклучат како волонтери во активности поврзани со младински активизам. Претставниците од Македонија , Хрватска , Португалија , Германија , Турција и Кипар имаа можност да креираат меѓусебна соработка и да промовираат национални искуства и практики во областа на справување со дезинформациите на интернет. Македонија беше претставена преку модерна и народна музика и танцови како и карактеристична храна за нашата држава. Ова се покажа како одличен начин на зближување на различните култури и традиции меѓу 6те држави.
СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!
ИСКРЕНО ВАШ
ЈЈ