Кочани, 25.08.2021
3 младински работници преставници на нашата организација СЛАВИЦА ДИМИТРОВА, ТОШЕ ИЛИЕВ и МИЛКО МИХАЈЛОСКИ успешно учествуваа во Ерасмус+ Тренинг Курс – “Градење на млади дигитални лидери на иднината!” која што се одржа во периодот од 16-23 август 2021 година во Карлово, Бугарија поддржан од страна на Ерасмус+ програмата.
Во текот на соработката и проектот, нашата НВО беше дел не формални активности во кој што учествува 3 младински работници, наставници и младински обучувачи од Естонија, Италија, Литванија, Кипар, Романија, Србија, Грција, Македонија и Бугарија.
Главната цел на проектот беше да се промовира образование за дигитално граѓанство, побезбедна употреба на Интернет, говор без омраза преку Интернет и едукација на учесниците и доближување до нови корисни дигитални алатки за младински можности за учење преку Интернет.
По обуката, директните учесници во мобилноста се стекнаа нови вештини, знаења но и можности поврзани со ИТ технологијата:
- Зголемена едукација и поголема подготовка за предизвиците преку Интернет;
- Зголемена медиумска писменост и критичко размислување;
- Препознавање на лажни и пристрасни вести и обука ако да ги обучуваат своите соработници и колеги
- Зголемен капацитет, знаење и вештини на темата и од самата обука и од креирање простор за размена на добри практики од партнери и други учесници
- Подобрена мотивирација а продолжат да учествуваат во вакви програми за мобилност за обука со цел да стекнат нови знаења, вештини и компетенции;
- Подобрени вештини за странски јазици и на англиски како работен јазик на проектот и на други странски јазици што ќе ги практикуваат за време на курсот за обука со другите учесници;
- Подбрен меѓукултурен дијалог и меѓусебно разбирање со креирање на простор за идна долгорочна соработка