11,08,2021 Кочани
Во периодот од 19 до 26 јули 5 преставници на нашата организација КОСТАДИН РУНЧЕВ, ТОШЕ ИЛИЕВ, ТЕОДОРА СТОЈАНОВСКА, МАРТИН СТОЈАНОВСКИ и ВИКТОРИЈА АРСОВА имаа можност да учествуваат во Ерасмус+ Младинска размена која се одржа во Карлово Р Бугарија. Проектот промовираше 35 младински лидери од 7 ЕУ невладини организации од – Бугарија, Македонија, Србија, Романија, Литванија, Египет и Грција.
Проектот се фокусираше на активно учество во процесот на криерање активности за промоција на младите од руралните неразвиени средини. Неформалното образование е еден од најдобрите начини целната група да ги натера да размислат за нивната улога во нивните заедници. Во текот на овој проект нашите преставници имаа можност да учествуваат во културни практични посети на Пловдив и Софија.
Целта на проектот беше промовирање на идеи за поддршка на младите со помалку можности и креирање на социјални активности во руралните средини и нивно доближување до активниот социјален живот но и креирање на мостови за соработка со урбаните развиени средини од цела ЕУ.
Главните цели на проектот беа:
-Да се поддржи процесот на соработка и комуникација меѓу младите од руралните средини кои што живеат во различен дел од Европа;
– Да се запознаат со елементите и формите на социјална инклузија во руралните средини;
-Да се запознаат учесниците со концептот на активно ЕУ граѓанство;
– Да се подигне свеста за важноста за промоција на руралните малди во отворено ЕУ општество;
– Да се зголемат компетенциите на учесниците во областа на младинското учество и демократското граѓанство;
– Да се зголемат компетенциите на учесниците да спроведуваат кампањи за подигање на јавната свест за одржливоста на руралните средини;
– Да се обезбеди безбеден простор и можност за учесниците да планираат и спроведуваат последователни активности во заедниците но и да се доближат до руралните средини;
– Да им се обезбеди можност на младите да ја претстават својата култура, традиција преку културни вечери;