Ерасмус+ Младинска Размена ”MEN SANA İN CORPORE SANO” Нејра, Шпанија 🇪🇸 30.10 – 06.11.2022

By December 21, 2022 NGO
Кочани, 22.10.2022

5 преставници на нашата организација (4 младинци и 1 национален лидер) учествуваа на Младинска размена во Нејра – регион на Малага Шпанија на тема – MEN SANA İN CORPORE SANO која се одржа во периодот од 30 Октомври до 06 Ноември  на која што учествуваа млади учесници и национални лидери преставници на организации од Италија, Шпанија, Латвија, Полска, Република Ирска и Туција.

Во текот на оваа младинска размена учесниците имаа можност да се запознаат со негативните влијанија врз менталното здравје и лошите секојдневни навики на младите. Преку организација на активности од областа не формалното образование учесниците имаа можност да дефинираат методи за активен спортски живот, правилен развој, здрави навики за правилна исхрана и поголема социјална активност на младите. Нашите преставници ја промовираа Јунајтед Јут во одлично светло и ги промовираа нашите искуства во процесот на оргнаизација на активности за заштита на менталното здравје и промоција на акции за активен спортски живот на младите и подигање на јавната свест за заштитата на менталното здравје.

Во текот на соработката беа промовирани нашата македонска традиција и култура преку промоција на македонски производи, македонски промотивни видеа, македонска песна и традиција но и преку македонски забавни активности. Учесниците во текот на оваа соработка имаа можност да креираат нови соработки и пријателства на долгорочно ниво кое што се очекува да бидат одржани на подолг временски период.

СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!

ИСКРЕНО ВАШ

ЈЈ

Leave a Reply