Кочани, 03.10.2023
Вкупно 4 млади работници учествуваат во овој социјален курс и има можност да ги подобрат своите вештини во областа на претприемништвото.
Објаснување за проектот: Истражувањaта од областа на претприемништвото покажуваат дека е еден од најефикасните начини за поттикнување на општествените промени, а исто така позитивно влијае на економијата на една земја. Сепак, само незначителен број млади Европејци во Италија, Полска, Германија, Шпанија, Словенија го избираат овој пат поради недостаток на знаење и искуство. Понекогаш претприемништвото може да се гледа како нешто нечесно и премногу несигурно. Така, оваа програма има за цел да ги поттикне младинските работници и активните млади да започнат свои социјални потфати кои би помогнале во решавањето на нивните локални социјални прашања.
Учесниците во текот на едукативниот процес од оваа соработка дефинираа бизнис план, заедно со поттикнување на нивната претприемничка креативност фокусирана на општествени прашања. Програмата се засноваше на теории за претприемничко истражување, како и на практични примери на социјални претприемачи од целиот свет со акцент посветен на Европската Унија. Учесниците ѓи истражуваа социјалните прашања на нивните локални заедници и се стекнаа со искуство за целиот процес на започнување на нов социјален потфат.
СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!
ИСКРЕНО ВАШ
ЈЈ