Eрасмус+ Тренинг Курс Promoting methodologies for creating an inclusive society and equal opportunities for all Нарва, Естонија 20.02-01.03 🇪🇪

By March 3, 2022 July 17th, 2022 NGO

Кочани, 03.03.2022

4 младински работници, преставници на нашата организација присуствуваа на тренинг курс поддржан од страна на Ерасмус+ програмата кој што се одража во Нарва, Естонија. Во текот на оваа соработка, тие имаа можност да ги подобрат своите знањеа, вештини и способоности во областа на социјалната инклузија и инзклузивното општество. Преку оваа соработка тие имаа можност да се доближат до национални практики за работа со маргинализирани категории презентирани од 6 партнерски ЕУ земји и тоа Естонија, Полска, Грција, Шпанија, Србија и Бугарија.

Кратко инфо за проектот:

Според голем број студии и научни трудови, сведоци сме дека голем број млади луѓе и таргет маргинализираните групи имаат проблеми во процесот на социјална адаптација и афирмација во општеството. Тие се соочуваат со огромни проблеми и бариери и немаат можност активно да се дружат и да ги подобрат своите лични компетенции, знаења и
изведба. Создавањето инклузивно општество преку претприемништво и промовирање на еднакви можности за сите е процес што нуди огромни предизвици и можности за меѓународна соработка. Преку овој курс за обука беа организирани активности за обука за и едукација на учесниците за тоа како да работат со маргинализирани категории на луѓе, како да имплементираат методи за маргинализираните категории да бидат поефикасни во работата и учењето, како да ги мотивираат маргинализираните луѓе да се чувствуваат еднакви во Европското семјество, да научат методи за креирање активности за инклузивни општества за маргинализирани категории на луѓе, 7 НВО промовираа можности за маргинализираните луѓе кои имаат ограничен активен социјален живот.

*Цели на проектот
– Обука на учесниците во процесот на стекнување нови знаења од областа на социјалната инклузија и работа со маргинализирани лица
– Проширување на знаењата на учесниците од областа на социјалното претприемништво како алатка за решавање на социјалните проблеми на маргинализирани категории
– Обука и запознавање на учесниците како да креираат активности за маргинализирани лица преку неформално образование
– Обука на учесниците како да креираат методи за социјална афирмација на маргинализираните лица и нивно поврзување со социјалното општество
– Упатување на учесниците во процесот на професионално усовршување со цел да се вклучат во процесот на едукација на маргинализирани лица
– Подигнување на свеста на учесниците и разбирање на потребите на маргинализираните лица
– Создавање алатки за учесниците за решавање на проблемите на маргинализираните луѓе и создавање простор за афирмација и социјализација

Во текот на проектот учесниците имаа можност да учествуваат во практична посета на Mercy Center Narva и да се запознаат со можностите, методите и практиките на центарот во процесот на социјална поддршка на ранливите категории. Во текот на оваа активност тие имаа можност да социјализираат, да се дружат и забавуваат со деца кои секојдневно го посетуваат овој центар и нуди социјална поддршка и дружба на учесниците.

Во текот на проектот учесниците имаа можност да се доближат и до локалната традиција, култура во Нарва.

На последниот ден од тренинг курсот беа промовирани излезните резултати од соработката и финалната евалуација и проценка на постигнатите резултати и ефекти од соработката.

Ве мотивираме активно да ги следите нашите повици за учество во Ерасмус+ проектите и да земете активно учество во блиска иднина.

Ваш!

Ј Ј

Leave a Reply