Кочани, 02.12.2020
Реализација на активноста: We need each other: Social support during COVID‐19
Во текот на вчерашниот ден преставници на нашата организација учествуваа во хуманитарна акција за помош и поддршка на ковид-центарот во Кочани која со СВОИ ЛИЧНИ СРЕДСТВА ја помогнаа нашиот сограѓанин Методи Митев и компанијата „Бобо ЈЛА“ од Кочани.
Пакети со млечни производи, безалкохолни пијалоци и овошје за пациентите и персоналот во ковид-центарот во болницата во Кочани е донацијата на сограѓанинот Методи Митев, кој од сопствени средства и со поддршка на компанијата „Бобо ЈЛА“ и волонтери од невладината организација „United Youth“ од Кочани ја реализираа денешната хуманитарна активност.
Нашиот сограѓанин Методи Митев важи за голем хуманитарец иако се наоѓа пред голем предизвик и му е потребна помош и финансиска поддршка. Воедно преку оваа објава сакаме да ве замолиме да му помогнеме на нашиот сограѓанин во борбата за подобро утре и повторно да застане на нозе.
БРОЕВИТЕ И СМЕТКИТЕ ЗА ДОНАЦИИ СЕ ПРИКАЖАНИ ПОДОЛУ:
Изјавата на нашиот сограганин за оваа акција:
– Знам како е да бараш помош и поддршка, а денес почуствував како е и да се помага. Бев и се уште сум со апел за помош, но сепак се грижам и за туѓата среќа и здравје донирајки од мој личен приход. На мојот повик се приклучи и компанијата „Бобо ЈЛА“ која донираше млечни производи. Благодарен сум и на волонтерите од невладината организација „United Youth“ за помошта при дистрибуцијата. На болните им посакувам побрзо заздравување, истакна Митев.
ЦЕЛТА НА ОВАА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА Е ДА ИМ СЕ ПОМОГНЕ НА СИТЕ ОНИЕ НА КОИ ИМ Е НЕОПХОДНА ПОМОШ ВО ОВИЕ ТЕШКИ МОМЕНТИ – МЕДИЦИНСКИОТ ПЕРСОНАЛ КОЈ ШТО НЕУМОРНО РАБОТИ, КАКО И НА ОНИЕ КОИ ИМААТ ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ ВО ОВИЕ ТЕШКИ ВРЕМИЊА.
СИТЕ СМЕ ЕДНАКВИ ВО ОВА ОПШТЕСТВО И ИМАМЕ ИСТИ ПРАВА, СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ОВАА АКЦИЈА ЌЕ ВЕ ПОТТИКНЕ ДА ДОНИРАТЕ И ВИЕ И ДА БИДЕТЕ ХУМАНИ.
Со почит, ЗГ ЈУНАЈТЕД ЈУТ.