Ерасмус+ Младинска Размена ”Sustianable Valley” Видин, Бугарија 🇧🇬 06-14.10.2022

Кочани, 22.10.2022

Ерасмус+ Младинска размена –”Sustianable Valley” Видин, Бугарија 🇧🇬 06-14.10.2022

5 преставници на нашата организација (4 младинци и 1 национален лидер) учествуваа на Младинска размена во Видин Бугарија на тема – Sustianable Valley која се одржа во периодот од 06 до 14 Октомври на која што учествуваа млади учесници и национални лидери преставници на организации од Бугарија, Србија, Македонија, Турција, Чешка, Хрватска и Романија.

”Sustainbale Valley” е проект кој се фокусираше на промоција на активности за заштитата на животната средина, промоција на зелени навики, промоција на национални практики за подигање на еко свест и дефинирање на методологии за 0 отгпад. Преку различни методи на не формално образование беа промовирани, активности за промоција на зелени практики, заштита на животната средина и промоција на методи за zero waste. Проектот промовираше 35 млади од 7 различни земји кои активно соработуваа и ги постигнаа целите и очекувањата дефинирани според младинската размена. Во текот на овој проект беа промовирани национални практики за заштита на животната средина и промоција на активности за одржлив еколошки развој кој што ќе се промовираат во блиска иднина преку организација на еко акции и активности од областа на младинскиот еко активизам поддржани од не формалното образование. Младинската размена се одража во градот Видин во северозападна Бугарија, сместен покрај Дунав. Градот е оддалечен 260 километри од главниот град на Бугарија. Против Видин е романскиот град Калафат.

Во текот на оваа соработка и оваа младинска размена преставниците на нашата организација имаа можност да се доближат и до локалната бугарска култура во Видин Бугарија но и да ја презентираат нашата традиција преку промоција на традиционални игри – ора. Во процесот на размена на културни разлики учесниците имаа можност да се доближат до различностите од ЕУ, но и да се стекнат со нови знаења во областа на ЕУ култура, традиција и обичаи. Со цел да биде анализирано знаењто на учесниците во областа на ЕУ култура и традиција беа организирани културни квизови за проценка на знаење и искуства.

Во текот на процесот на соработка нашите преставници ги промовираа нашите можности и идни проекти пред интернационалните соработници и креираа нови идеи за организација на активности во блиска иднина во областа на здрав живот и заштита на менталното здравје. Како доказ за учество во оваа младинска учесниците добија Youthpass сертификат кој што можат да го искористат во блиска иднина во процесот на барање на работа или идно едуцурање – студирање.

СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!

ИСКРЕНО ВАШ

ЈЈ

Leave a Reply