Ерасмус+ Тренинг Курс “Rural Youth: from Strategy to Reality” Вилниус, Литванија 04-13.09.2022 🇱🇹

By September 22, 2022 NGO

Кочани, 22.09.2022

Ерасмус+ Тренинг курс “Rural Youth: from Strategy to Reality” Вилниус, Литванија 04-13.09.2022 🇱🇹

2 преставници на нашата организација – младински работници учествуваа на Youth Workers Mobility – Тренинг курс – Rural Youth: from Strategy to Reality кој се одржа во Литванија во период од 04 до 13 септември 2022 година.

ЦЕЛИ на проектот беа:
1) Промовирање на работни методи и алатки за млади од рурални средини и креирање на методи за поттикнување и зајакнување на работни можности за овие таргет категории низ ЕУ
2) Да се споделат, креираат и практикуваат методи и алатки кои ќе го поддржат надминувањето на тешкотиите на руралните млади во вклучувањето и учеството во нивните заедници.

3) Креирање на методи за охрабурвање на  младите од руралните средини, младинските невладини организации, локалните општини, локалното мало претприемништво и компаниите и земјоделците со цел да  соработуваат заедно и да ги поддржат нашите млади во процесот на препознавање на вредностите и придобивките од живеењето во руралните области.

Во текот на оваа соработка и оваа младинска размена преставниците на нашата организација имаа можност да се доближат и до локалната литванска култура во Вилниус но и да ја презентираат нашата традиција преку промоција на традиционални игри – ора. Во текот на процесот на соработка нашите преставници ги промовираа нашите можности и идни проекти пред интернационалните соработници и креираа нови идеи за организација на активности во блиска иднина во областа на промоција на мехнизми за развој на руралните средини, поддршка на младите со помалку можности од руралните средини но и нашите национални практики во областа на руралниот развој. Како доказ за учество во оваа младинска учесниците добија Youthpass сертификат кој што можат да го искористат во блиска иднина во процесот на барање на работа или идно едуцурање – студирање.

СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!

ИСКРЕНО ВАШ

ЈЈ

Leave a Reply