Ерасмус+ Младинска Размена ”Get Active” Видин, Бугарија 🇧🇬 01-07.08.2022

By September 9, 2022 October 22nd, 2022 NGO

Кочани, 09.09.2022

Ерасмус+ Младинска размена –”Get Active” Видин Бугарија 🇧🇬 15-22.07.2022

5 преставници на нашата организација (4 младинци и 1 национален лидер) учествуваа на Младинска размена во Видин Бугарија на тема – Get Active која се одржа во периодот од 01 до 07 септември на која што учествуваа млади учесници и национални лидери преставници на организации од Бугарија, Србија, Македонија, Турција, Чешка и Романија.

”Активирај се” е проект кој се фокусираше на промоција на здрав начин на живот. Преку различни методи на не формално образование беа промовирани, активности за подобрувања во исхраната и поттикнување на редовно спроведување на физичка активност. Проектот промовираше 30 млади од 6 различни земји кои активно соработуваа и ги постигнаа целите и очекувањата дефинирани според младинската размена. Размената се одража во градот Видин во северозападна Бугарија, сместен покрај Дунав. Градот е оддалечен 260 километри од главниот град на Бугарија. Против Видин е романскиот град Калафат.

Во текот на оваа соработка и оваа младинска размена преставниците на нашата организација имаа можност да се доближат и до локалната бугарска култура во Видин Бугарија но и да ја презентираат нашата традиција преку промоција на традиционални игри – ора. Во текот на процесот на соработка нашите преставници ги промовираа нашите можности и идни проекти пред интернационалните соработници и креираа нови идеи за организација на активности во блиска иднина во областа на здрав живот и заштита на менталното здравје. Како доказ за учество во оваа младинска учесниците добија Youthpass сертификат кој што можат да го искористат во блиска иднина во процесот на барање на работа или идно едуцурање – студирање.

СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!

ИСКРЕНО ВАШ

ЈЈ

Leave a Reply