Успешно реализирана обуката ”Stand up for human rights”

By July 6, 2020 September 10th, 2021 NGO

05, Јули 2020

Успешно реализирана обуката – ”Stand up for human rights”

Младинските работници од Јунајтед Јут  на 05.07.2020 (Недела) организираа обука – Stand up for human rights која се одржа на туристичкиот центар Пониква – Осоговски планини.

Пониква — туристички центар и викенд-населба на Осоговските Планини во источна Македонија. Оддалечен е околу 20 км северно од Кочани, на надморска височина од 1.560 метри во предел со густа букова шума и разновидна вегетација. Зацртан како еден од 34-те зимски туристички центри во просторниот план на Република Македонија, Пониква завзема особено важно место во развојот на туризмот и општиот развој на Осоговијата.

Урбаниот простор опфаќа два ски-лифта, викенд-куќи (единечни и двојни), автокамповибунгалови, објекти за дневно снабдување, повеќенаменски простори, терени за спорт и рекреација, хотели, одмаралишта, угостителски објекти, сервис и услуги за скијачка опрема. На Пониква, покрај викенд-населбата, неколкуте мотели, има и детско одморалиште со капацитет од 220 легла.

Природните убавини, еколошки чистиот амбиент и поволната клима се одлични предуслови за големата посетеност на туристите. За да има можност за побрз развој, на туризмот на месноста Пониква, потребно е да се изврши подобрување и довршување на инфраструктурата, обезбедување на доволни количини вода и електрична енергија. Покрај веќе изградените спортски терени се повеќе се најавуваат иницијативи и потенцијални заинтересирани инвеститори за изградба на патеки за биатлон и нордиско трчање. Покрај Пониква на Осоговијата има и други извонредни места за изградба на патеки за скијање со поголема должина, како што се терените под Царев Врв (Султан Тепе – 1085 м).

Обуката е реализирана со цел да ги мотивира младите и младинските работници активно да учествуваат во младинската работа и меѓународните соработки овозможени од Ерасмус + програмата.

Обуката се одржа според следниот редослед:

  • Меѓусебно запознавање на учесниците преку Energizer  и креирање на позитивна енергија и тимски дух за работа

 

  • Реализација на STOP AND WALK Energizer за релаксација на учесниците и промоција на позитивен дух

  • Во следниот дел од обуката беше реализирана презентација на Ерасмус + можностите. Учесниците беа запознаени со можностите кои ги нуди програмата и сите новости поврзани со истата. Во текот на овие активности обучувачите ги запознаа учесниците со темата на обуката – Human Rights и ги промовираа документите за заштита на човековите права поддржани од Европската Унија и ЕУ институции.

  • Во следиот дел од обуката учесниците беа вклучени во дебата за човековите права и правата на говор, избор, работа, социјална заштита, движење и сл. Учесниците во текот на оваа активност се запознаа со активноста од не формaлното учење СИМУЛАЦИЈА. Учесниците беа поделени во групи и ги промовираа човековите права преку сценарио. Во текот на оваа активност учесниците преку интересен начин ги промовираа своите идеи и се забавуваа во процесот на симулација.
  1. Симулација нарушување на правата на лицата со посебни потреби

2) Симулација нарушување на правата на децата

3) Нарушување на правата на уличните музичари, право на творење и право на хуманост

По завршувње на симулационите активности учесниците учествуваа во финална евалуација и проценка на постигантите резултати од активноста.

 

Нашата организација активно соработува и со регионални, национални и интернационални соработници, индивидуи и институции.

Во следниот период нашата организација ќе организира различни видови на обуки.

Следете не!