02 Јули 2020
Успешно реализирана активноста – ”Building the Green Way”
Младинските работници од Јунајтед Јут организираа дневна активност – посета на Малешевијата, социјална дебата и анализа на загадувањето во Берово, Беровската околина и Ратевското езеро.
Беровско Езеро или Ратевско Езеро — вештачко езеро во Малешевијата, непосредно до селото Ратево, односно гратчето Берово чии имиња ги носи напоредно.
Езерото се наоѓа по течението на Брегалница, во непосредна близина на Берово, односно на 7 км оддалеченост. Поради релативната висока надморска висина околу езерото температурите во лето во просек се движат од 23°С до 25°С, додека во ноќите температурата се спушта и до 12°С.
Преку оваа активност младинските работници се стекнаа со нови искуства во областа на заштитата на животната средина и преку дебата промовираа нови активности за заштита на животната средина и екологијата.
Обуката е реализирана со цел да ги мотивира младите и младинските работници активно да учествуваат во младинската работа и еколошките акции за подигање на еколошката јавна свест и заштита на природните богатства.
Целите на оваа спроведена активност беа:
- Креираирање на нови еколошки активности за доближување на младите во еколошки акции
- Доближување до природните ботатства во Берово – Малешевски регион
- Анализа на штетните загадувачи во Малешевската околина
- Истражување на природните богатства во околината на Ратевското езеро
- Анализа на турстичките капацитети и можности за организација на младински активности
Нашата организација активно соработува и со регионални, национални и интернационални соработници, индивидуи и институции.
Во следниот период нашата организација ќе организира различни видови на обуки.
Следете не!