Εрасмус+ Младинска размена – „Building Bridges for Social Inclusion“ – Келн, Германија (23 Февруари – 02 Март) 🇩🇪

20/07/2026, Кочани Дисиминација на резултатите од Erasmus+ младинската размена
Ерасмус+ Младинска Размена – „Building Bridges for Social Inclusion“ – Келн, Германија (23 Февруари – 02 Март) 🇩🇪
Со огромна мотивација и инспирација се вративме од младинската размена „Building Bridges for Social Inclusion“, реализирана во прекрасниот град Келн, во рамки на програмата Erasmus+.
👥 Нашата организација беше претставена од 6 учесници (5 млади и 1 тим лидер), кои активно учествуваа во сите активности, работилници и дискусии посветени на социјалната инклузија.
🤝 Во текот на размената, младите имаа можност да истражуваат практични методи за вклучување на маргинализирани групи во општеството, преку неформално учење, интерактивни сесии и симулации.
🏫 Посебно значајна беше практичната посета на локална социјално-едукативна организација во Келн, каде што учесниците одблиску се запознаа со конкретни модели на поддршка и интеграција на лица во ризик. Ова искуство ја продлабочи нивната свест за важноста од активно граѓанство и солидарност.
🌎 Во проектот учествуваа млади од Германија, Македонија, Бугарија, Романија, Шпанија и Турција, кои ги споделија своите национални практики и пристапи кон социјалната инклузија. Размената на искуства придонесе кон градење мостови на разбирање, почит и интеркултурна соработка.
💡 Преку младинската размена се зајакнаа:
✨ комуникациските вештини
✨ тимската работа
✨ интеркултурните компетенции
✨ чувството за општествена одговорност
Овој проект уште еднаш покажа дека младите се двигатели на позитивни промени кога им се дава простор да учат, соработуваат и создаваат заедно.

Со почит,
Јунајтед Јут

Leave a Reply