Кочани, 16.06.2023
10 преставници на нашата организација учествуваа во Ерасмус плус младинска размена преку која ги подобрија своите знаења во областа на демократија, инклузивно општество, социјалната инклузија, подигање на јавната свест за еднакви права и можности, права на работа, социјализација и афирмација пред отворено општество во Европа. Во текот на оваа младинска размена младите лидери и учесници имаа можност да органиизраа еднодневна едукативна сесија преку игри за креирање на тимски дух и позитивна атмосфера, дебата на тема социјална инклузија со помош на не формално образование и промоција на идни солуции и решенија со користење на методот на симулација.
За време на интернационалната соработка учесниците креираа информативна брошура, постер и видео кои ќе бидат промовирани во следните активности на организацијата. Со овие активности учесниците ги подобрија своите дигитални компетенции и ИТ вештини.
Промоција на проектот:
Чоештвото поминува низ многу кризи (војни,
тероризам, Ковид-19, миграција, сиромаштија, конфликти) и тие носат многу негативни фактори како што се нееднаквост,прекршување, дискриминација,радикализација, малтретирање, исклучување,непочитување, хибридни или автократски режими, социјални конфликти, нетолеранција и губење на чувството за хуманост. Следствено, предизвикува многу големи ризици за губење на виталните фактори како што се мирот, еднаквоста, слободата,демократско-граѓанскиот живот, заедништвото, меѓународните вредности, различноста,инклузивноста, социјално-културната кохезија, човековите права, достоинството, интегритетот.
Ерасмус + проектот е воспоставен според Youthpass критериумите и клучните компетенции, Еразмус+ и неговите цели. Така, нашите учесници промовираа слободна, безбедна и демократска средина; подобрување на нивниот јазик, писменост, дигитални вештини; имаа шанса да ги изразат своите чувства и да бидат креативни; да развиваат социјални и индивидуални вештини ; да бидат повеќе свесни за нивната култура и начинот на живот на другите луѓе; да бидат свесни за меѓународните принципи како меѓународна соработка, слобода на говор, демократско учество, одржливост, почитување, емпатија, толеранција, единство. Преку не формална едукација се постигнати следниве цели:
– анализирање на актуелната општествено-политичка ситуација во ЕУ и светот со разгледување на човековите права
– дефиниција на актуелните проблеми, предизвици и потреби за младите
– промоција на позитивни ефекти во областа на човековите права врз општествата
– разбирање на важноста на младинскиот ангажман во општеството и активното учество на младите
СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!
ИСКРЕНО ВАШ
ЈЈ