Ерасмус+ Младинска размена ”Social affirmation through non formal education – SANFE ” Римини, Италија 🇮🇹 14.04 – 23.04.2023

Кочани, 26.04.2023

🛑 6 преставници на нашата организација учествуваа во Ерасмус плус младинска размена преку која ги подобрија своите знаења во областа на социјалната инклузија, подигање на јавната свест за еднакви права и можности. Во текот на оваа младинска размена младите лидери и учесници имаа можност да органиизраа еднодневна едукативна сесија преку игри за креирање на тимски дух и позитивна атмосфера, дебата на тема социјална инклузија со помош на не формално образование и промоција на идни солуции и решенија со користење на ворд кафе метод.
🛑 За време на интернационалната соработка учесниците креираа информативна брошура, постер и видео кои ќе бидат промовирани во следните активности на организацијата. Со овие активности учесниците ги подобрија своите дигитални компетенции и ИТ вештини.
🛑 Во текот на оваа соработка учествуваа учесници од 7 ЕУ организации 🇮🇹🇵🇹🇨🇾🇹🇷🇭🇷🇱🇹. Во текот на активностите беа промовирани националните практики и искуства кои ги има нашата организација во областа на работа со млади со помалку можности.
🛑 Учесниците преку организација на интеркултуната вечер ги промовираа нашите културни знаменитости а преку Kahoot квиз ги проверија знаењата на останатите учесници поврзани со нашата земја и традиција. За време на Евровизиска вечер нашата организација ја промовираше изведбата на нашата најголема музичка легенда Тоше Проески.

СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!

ИСКРЕНО ВАШ

ЈЈ

Leave a Reply