Ерасмус+ Младинска размена ”No Hate with Art” Ст Мартен, Кариби 🇵🇭 07-15.02.2023

By February 20, 2023 March 15th, 2023 NGO

Кочани, 20.02.2023

Youth exchange – No Hate with Art! Ст Мартен – Кариби 🇵🇭

Преставници на нашата организација учествуваа во Ерасмус младинска размена во Ст Мартен Карибски острови на тема NO HATE WITH ART – промоција на методи од уметноста како механизми за подигање на јавната свест и борба против говорот на омраза, дискриминација, расизам и национализам. Ова беше втор проект на нашата организација поддржан од страна на Ерасмус+ проект надвор од Европа на повеќе од 8300 км далечина од Р Македонија. Искуството со природата, различниот животен стил и култура ќе остане засекогаш во меморијата на учесниците кои беа дел од оваа соработка и имаа можност да учествуваат во не формални активности кои промовираа спортски и активен живот.3
Во текот на проектот учествува млади од 4 ЕУ организации 🇲🇰🇹🇷🇵🇭🇩🇪. Во текот на соработката беа промовирани национални практики за подигање на јавната свест преку уметност, култура, драма, театарски акт, музика но и македонската  🇲🇰 култура и традиција беше промовирана преку презентација на традиционални игри, храна и пијалоци. Во процесот на соработка беа промовирани национални практики за промоција на драма и уметност како механизами за подигање на јавната свест и промоција на инклузивно општество. Учесниците преку оваа соработка имаа можност и да се запознаат со можностите кои ги нудат ЕУ едукативни програми со цел да се стекнат со поголема мотивација да учествуваат во идни
активности поддржани од Европската Унија.
Учесниците креираа промотивен видео матерјал кој беше промовиран на youtube.com, а излезниот резултат од овој матерјал можете да го погледнете на линкот подолу:
https://www.youtube.com/watch?v=qnTfbkmm22s

СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!

ИСКРЕНО ВАШ

ЈЈ

Leave a Reply