Ерасмус+ Младинска Размена “Up Youth’s Alley”, Закопане, Полска 🇵🇱 21-30.11.2022

By December 22, 2022 NGO
Кочани, 22.12.2022
Дисиминација и промоција на постигнатите резултати од Ерасмус+ Младинска Размена Youth Exchange “Up Youth’s Alley” 🇪🇺 21-30.11.2022 Zakopane, Poland 🇵🇱.
Во текот на оваа Ерасмус + младинска размена 7 преставници на нашата организација ги подобрија своите знаења, вештини и способности во областа на претприемништво, бизнис, креирање на бизнис план, и промоција на методи за намалување на невработеноста на маргинализирани млади. Преку учество во разновидни активности од областа на не формалното образование нашите преставници имаа можност да ја промовираат нашата организација но и националните македонски практики во областа на бизнисот и вработувањето на младите. Преку дебати и соработка со останатите учесници беа промовирани проблемите со кои се соочуваат младите од Македонија во процесот на барање на работа и лимитираните можности за градење на кариера и подобрување на личниот развој.
Во текот на оваа соработка младите учесници ги промовираа нашите позитивни национални практики, култура и традиција претставувајќи ја нашата култура 🇲🇰 во одлично светло. Во текот на проектот младите имаа можност да се доближат до локалната полска култура и традиција и да уживаат во природните убавини на природата во околината на планинските предели на Закопане Полска.

Учесниците во текот на оваа младинска размена имаа можност и да учествуваат во култура посета на Краков – Полска и да се доближат до локалната култура и традиција на овој град.

 

СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!

ИСКРЕНО ВАШ

ЈЈ

Leave a Reply