Кочани, 21.12.2022
7 младински работници представници на нашата организација во периодот од 07 до 12 ноември учествуваа во стдудиска посета во Лисабон Португалија – Study visit Welcoming cities – Good practices of participation of youngsters with migrant background.
Во текот на посетата тие имаа можност да се доближат до нови практики за вклучување на маргинализираните мигранти во процесот на донесување на одлуки. Во текот на посетата младинските работници креираа механизми за подигање на јавната свест и учествуваа во практична посета на 3 организации во Синтра . Нашите младински работници имаа можност да се стекнат со нови вештини и искуства како да едуцираат но и да соработуваат со млади кои се дел од маргинализрани групи (бегалци, баратели на азил, мигранти, имигранти).
Во текот на оваа посета учесниците имаа можност да се стекнат со практични искуства и да учествуваат во практични посети преку кои ќе се стекнат со вештини за работа и едукација на маргинализрани малди преку младинска работа и не формално образование. Преставниците на нашата организација ја промовираа нашата организација преку презентација на нашите искуства во областа на социјалната инклузија и работа со млади со помалку можности.
СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!
ИСКРЕНО ВАШ
ЈЈ