Ерасмус+ Младинска Размена rECOvery, Неа Анхиалос, Грција 🇬🇷 08-16.11.2022

By December 21, 2022 NGO

Неа АнхиалосНеа АнхиалосНеа АнхиалосКочани, 21.12.2022

5 млади преставници на нашата организација имаа можност да учествуваат во Ерасмус плус младинска размена преку која ги подобрија своите знаења, вештини и познавања во областа на заштитата на животната средина, екологијата, климатски промени, еко практики, обновлива енергија и зелени навики.
Во текот на оваа соработка младите учесници ги промовираа нашите позитивни национални практики во областа на заштитата на природните ресурси во Р Македонија 🇲🇰.
Преку организирање на културни вечери младите учесници ја промовираа нашата култура и традиција со промовирање на 🇲🇰 производи, песна и танци.

Во текот на оваа младинска размена учесниците имаа можност да промовираат практични решенија и методи за заштита на животната средина и промоција на еко акции за подигање на јавната свест за заштита на природните ресурси.

СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!

ИСКРЕНО ВАШ

ЈЈ

 

Leave a Reply