Ерасмус+ Тренинг Курс Cities of welcome, Келн, Германија 🇩🇪 08-12.11.2023

By December 14, 2023 NGO

Кочани, 14.12.2023

🔺 Младински работници преставници на нашата организација во текот на тренинг курсот ,Cities of welcome’ , беа во посета на Општината Келн – одел за инклузија и поддршка на маргинализирани категории (како дел од активностите, предвидени за проектот).
🔺Нашиот тим, заедно со националните тимови од Германија 🇩🇪, Шпанија 🇪🇸 и Португалија 🇵🇹 имаа можност да се запознаат со вработените во одделот за реинтеграција на мигрантите и луѓето во опшеството. Во текот на посетата беа организирани дебати на актуелните теми со мигрантскиот бран во Европа но и промоција на методи како да се подобри животот на овие таргет групи но и како да се намали дискриминацијата на овие ранливи категории. Националните тимови дел од оваа практична посета имаа можност да состават кратка презентација за националните полиси и стратегиите за интеграција, кои се применувами во нивната држава. Сето ова, им помогна на учесниците да ги прошират своите размислувања и погледи околу мигрантите, да се стекнат со нови знаења кои се очекува да ги имплементираат во идните активности на организациите.

СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИДНИ ПОВИЦИ И АКТИВНО ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО ЕРАСМУС+ СОРАБОТКИТЕ!

ИСКРЕНО ВАШ

ЈЈ

Leave a Reply