19, Јули 2020
Младинските работници од Јунајтед Јут на 19.07.2020 (Недела) организираа обука – Protecting youth mental health, protecting our future која се одржа во Берово.
Обуката започна со меѓусебно запознавање на учесниците и ниво преставување.
Во слединот дел од обуката беа промовирани Ерасмус+ програмата, Е+ можностите – младинска размена и тренинг курс, Youth pass сертификат и European Solidarity Corp. Обучувачите Борис, Тоше и Костадин ги споделија своите искуства пред присутните и им овозможија да се доближат до Ерасмус+ програмата.
Во следиот дел од обуката учесниците учествуваа во игри за подигање на тимскиот дух и креирање на позитивна атмосфера – Energizers.
Учесниците исто така учествуваа во дебата на тема ”Protecting youth mental health, protecting our future”. Преку оваа дебата учесниците ги споделија своите искуства за заштита на менталното здравје и опасностите по истото. Дебата беше проследена со одлични искажувања и споделувања на лични искуства.
Во последиот дел од обуката беше реализирана финална евалуација и беа споделени импресиите од активностите и дружбата.
Нашата организација активно соработува и со регионални, национални и интернационални соработници, индивидуи и институции.
Во следниот период нашата организација ќе организира различни видови на обуки.
Доколку сте заинтересирани приклучете се во групата за онлине соработка.
https://www.facebook.com/groups/280006953154910/
Следете не!