Успешно реализирана обуката ”We are all equal”

By July 15, 2020 September 10th, 2021 NGO

12, Јули 2020

Успешно реализирана обуката – ”We are all equal”

Младинските работници од Јунајтед Јут  на 12.07.2020 (Недела) организираа обука – We are equal која се одржа на Виничко кале во Виница.

Виничко Кале — утврдена населба од неолитот и доцната антика, со градби покрај градскиот бедем од IV-VI век целосно зачувани. Се наоѓа на југозападниот брег на градот Виница, висок околу 70 м, покрај патот Виница — Лески.

Се наоѓа југозападно од градот Виница, лево од Грдечка Река, на рид со неправилен облик, издолжен во правец југоисток-северозапад, со надморска височина од 400 м. Опкружен е со стрмни страни со исклучок на југоисточната која со длабок и широк вештачки ров го одвојува од соседната височина. Има нерамен врв, со пад кон северозапад, каде висинската разлика достигнува и до десет метри. Габаритот на просторот што го зафаќаат остатоците од утврдувањето има приближни димензии од 250 × 150 м, што изнесува околу 2,5 ха. Според површинските остатоци, населбата се простирала и на падините од ридот, како и на околните ритчиња. Со својата височина и положба наоѓалиштето доминира над просторот од Виница, а има убава прегледност и над коритото на Брегалница

Обуката е реализирана со цел да ги мотивира младите и младинските работници активно да учествуваат во младинската работа и меѓународните соработки овозможени од Ерасмус + програмата.

Обуката се одржа според следниот редослед:

  • Меѓусебно запознавање на учесниците преку Energizers и промоција на тимска работа

  • Дискусија на тема Дискриминација на половите, презентација на лични искуствa

  • Во следниот дел од обуката беше спроведена активноста Abigail`s Tail. Оваа приказна им овозможува на учесниците да ги промовираат своите одлуки според категоризација на ликовите од приказната. Преку оваа активност учесниците имаа можност да заклучат кој учесник како размислува и како ги категоризира ликовите од приказната.

По завршување учесниците заеднички се дружеа на кафе муабет во Виница и споделија свои мислења од реализираната активност.

Нашата организација активно соработува и со регионални, национални и интернационални соработници, индивидуи и институции.

Во следниот период нашата организација ќе организира различни видови на обуки.

Следете не!