Успешно реализиран хуманитарниот концерт ПО ПАТЕКИТЕ НА ТОШЕ, собраните 43 300 денари префрлени на сметката на Ивана Алексова од Кочани.

By February 12, 2020 September 10th, 2021 NGO

Нашата организација активно учествувше во организирање, менаџирање и реализација на хуманитарниот концерт ПО ПАТЕКИТЕ НА ТОШЕ кој се одржува секоја година на 28.01.2020 година во спортската сала во Кочани.

Организатор на овој настан е нашиот потпрецедател ТОШЕ ИЛИЕВ, голем хуманист и човек со големо срце. 

Може да се пофалиме дека концертот беше успешно реализиран и сите финансиски средства собрани од картите и донации беа префрлени на сметката на Ивана Алексова од Кочани.

Вкупната сума изнесува 43 300 денари.

На сите артисти, хумани лица и вклучени странки им благодариме на соработка и ѓи повикуваме активно да учествуваат во хумани настани и да помагаат на секој оној кој што има потреба од помош и подршка.

Здружение на граѓани ЈУНАЈТЕД ЈУТ Кочани