Успешно реализирана обуката, ”Green photo for environmental protection”

By June 18, 2020 September 10th, 2021 NGO

12.06.2020

Успешно реализирана обуката – ”Green photo for environmental protection”

Младинските работници од Јунајтед Јут  мотивирани од зголеменото загадување на животната средина и глобалните климатски промени организираа обука за фотографија.

Обуката беше реализирана само за ОРГАНИЗАЦИСКИОТ КАДАР.  Поради моменталната ситуација со COVID 19 сме ограничени да понудиме обуки за поголеми групи.

Преку оваа обука младинските работници се стекнаа со нови искуства во областа на фотографијата, но и се доближија до природните ботатства на Осоговските Планини.

Обуката е реализирана со цел да се подигне јавната свест на граѓаните за заштитата на животната средина, но и промоција на локалните природни богатства во Општина Кочани.

Целите на оваа спроведена обука беа:

  • Подобрување на личните компентеции на младинските работници во областа на фотографијата
  • Запознавање на младинските работници со методите на креирање на професионална фотографија
  • Промоција на природните богатства и заштита на животната средина
  • Промоција на природата и подигање на јавната свест за заштита на еколошката околинa
  • Дебата и промоција на соодветни еколошки акции за заштита на животнaта средина
  • Промоција на нови методологии за вклучување на младите во младинската еко работа

Во следниот период нашата организација ќе организира различни видови на обуки.

Следете не!