Остварена првата меѓународна соработка. Во официјална посетa на нашата организација беа преставниците на Topluma Destek Derneği TDD од Чанакале, Турција
Во текот на овој месец во Општина Кочани, нашата организација ја оствари првата меѓународна соработка.
Гости на нашата организација беа преставниците на невладината организација Topluma Destek Derneği TDD од Чанакале, Турција.
Оваа организација активно работи на локални, национални и интернационални проекти и активно учествува во меѓународни соработки овозможени од Erasmus+ програмата.
При оваа посета, гостите ја преставија својата традиција, презентираа свои искуства и ѓи поканија нашите преставници на идна соработка и посета на Чанакале, Турција.
Во следиот рок за поднесување на апликации за Ерасмус + програмата, нашата организација ќе биде официјален партнер на оваа организација.
Преставници на нашата ораганизација беа промовирани и во турските медиуми.