28 Јуни 2020
Успешно реализирана обуката – ”Say NO to racism”
Младинските работници од Јунајтед Јут организираа обука – прошетка, Energizers, Erasmus+ прмоција, социјална дебата, дружба и посета на Струмица, Мокрински Извори и Колешински водопади.
Активностите започнаа со културна посета на Струмица и разглед на градот и локалните можности. Овие активности беа реализирани со помош на младинци од Струмица кои не запознаа со локалната инфраструктура и локалната култура – традиција. По завршување на локалната посета, групата се упати кон с. Мокрино.
Мокрински Извори — извори кои се наоѓаат во близина на селото Мокрино, Општина Ново Село, Македонија. Се наоѓаат во подножјето на планината Беласица на надморска височина од 330 метри. На ова место секоја година на 2 август се собираат жителите на Мокрино и сите околни села каде се дава курбан, во чест на изворите, кој обичај на давање курбан е многу стар. Според легендата, годината кога не се дало курбан, изворите пресушиле, поради кое жителите веќе на 4 август повторно дале курбан по кое водата повторно протекла. Поради тоа, оттогаш наваму ниту една година не е пресконат датумот. Од трите Мокрински извори истекуваат 40 литри вода во секунда. Температурата на водата е секогаш иста, без оглед каква е надвор температурата. Потокот што потекува од изворот никогаш не замрзнал. Ова се должи веројатно на големата длабочина на изворот и силината на водата. Се смета дури дека тој е поврзан со Дојранско Езеро. Поради количеството и силината на овие води, во минатото околу овде имало многу воденици.
Учесниците пристигнаа во с Мокрино и имаа можност да се доближат до природните убавини на село Мокрино и Мокринските извори.
Обуката започна со меѓусебно запознавање на учесниците преку интерактивни едукативни игри за градење на тимски дух и доверба – Energizers.
Во следниот дел од активностите обучувачите Костадин и Тоше ги запознаа учесниците со Ерасмус + програмата и можностите за интернационална соработка и едукација. Во текот на овие активности учесниците со Ерасмус + искуства споделија свои лични приказни и ги мотивираа останатите учесници активно да се вклучат во идните Е+ проекти.
По завршувањето на Ерасмус+ презентацијата започна дебата на тема ”Say NO to racism”. Учесниците учествуваа во дебата и имаа можност да ги промовираат своите лични мислења и искуства на тема РАСИЗАМ. Преку оваа дебата беа споделени интересни лични искуства и лични разбирања на опасните влијанија од РАСИЗАМОТ и неговото негативно влијание врз општеството.
По завршената дебата учесниците се запознаа со поимот ФИНАЛНА ЕВАЛУАЦИЈА и проценка на постигнати резултати и ефекти од работата. Во текот на оваа финална активност учесниците ги споделија своите искуства од реализираната активност и го промовираа импактот од активностите.
По завршување на обуката учесниците се упатија кон село Колешино и имаа можност да ги посетат Колешинските водопади и да уживаат во природната убавина на с.Колешино Струмица.
Колешински водопад — водопад сместен во југоисточниот дел на Република Македонија, на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба, на надморска височина од 500 м.
Се вбројува меѓу највисоките водопади во Македонија со височина од 15 м, со широчина на падот од околу 6 м. Според постанокот тој е тектонски водопад, создаден во гранитни камења. Спротиводно од Колешинскиот водопад, на оддалеченост од околу 100 метри се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри, кои припаѓаат на неговиот централен слив.
Со покачувањето на температурите расте и бројот на гостите кои секојдневно доаѓаат овде. Во просек колешинските водопади дневно ги посетуваат помеѓу 400 и 500 туристи, а за време на викендите ова бројка е двојно поголема.
Сабота и недела за време на викендите таа бројка може да достигне некаде до 1.000 туристи, а кога би имало сместувачки капацитети тоа би било многу повеќе бидејќи и во работните денови би останеле гостите тука. Накратко кажано потенцијал за развој на туризмот веќе постои – вели Петар Спасов, градоначалник на општина Ново Село.
Обуката е реализирана со цел да ги мотивира младите и младинските работници активно да учествуваат во младинската работа и меѓународните соработки овозможени од Ерасмус + програмата но и да се борат против негативните влијанија на РАСИЗМОТ.
Целите на оваа спроведена активност беа:
- Организација на Енерџајзери – активности за промоција на позитивна енергија и тимски дух
- Запознавање на учесниците со Ерасмус + можностите
- Дебата и промоција на Ерасмус + искуства
- Дебата на темата ”Say NO to racism” – запознавање со негативните влијанија од Расизмот
- Запознавање со локалните културни можности на општина Струмица
- Стекнување на нови пријателства и контакти за идна соработка
Нашата организација активно соработува и со регионални, национални и интернационални соработници, индивидуи и институции.
Во следниот период нашата организација ќе организира различни видови на обуки.
Следете не!