Успешно реализирана активноста ”Social promotion of young people through Erasmus +”

By June 26, 2020 September 10th, 2021 NGO

26 Јуни 2020

Успешно реализирана активноста – ”Social promotion of young people through Erasmus +”

Младинските работници од Јунајтед Јут  мотивирани од ново настаната состојба на самоизолација и ограничена физичка активност организираа обука – прошетка, социјална дебата, дружба и посета на Делечво и Планината Голак.

Голак — средновисока планина меѓу Делчевската Котлина на исток и Кочанската Котлина на запад, со меридијански правец на протегање.  Планинскиот масив опфаќа 12.800 ха, односно е долг околу 40 км а широк околу 20 км. Спаѓа во средно високите планини, а највисок врв е Чавка (1.538 м), под кој се наоѓа современ туристичко-рекреативен центар (1.400 м), 12 км од Делчево и на кој се наоѓа игралиште за фудбал,кошарка и тенис. Истоименото детско одморалиште располага со 230 легла и e РУИНИРАНО.

Преку оваа обука младинските работници се стекнаа со нови искуства во процесот на социјалната инклузија на младите и промоцијата преку Ерасмус + програмите.

Обуката е реализирана со цел да ги мотивира младите и младинските работници активно да учествуваат во младинската работа и меѓународните соработки овозможени од Ерасмус + програмата.

Целите на оваа спроведена активност беа:

  • Промоција на Ерасмус + програмата и доближување до Е+ можностите
  • Социјална дебата со млади од Делчево и споделување на лични искуства
  • Промоција на новите Ерасмус + можности, промоција на Ерасмус + 2021-2027
  • Запознавање на младите со бенефитите од меѓународната соработка и размена на искуства
  • Запознавање со природните богатства на Голак и доближување до локалната култура во Општина Делчево

Нашата организација активно соработува и со регионални, национални и интернационални соработници, индивидуи и институции.

Во следниот период нашата организација ќе организира различни видови на обуки.

Следете не!