“All Together” to promote social inclusion and volunteering

By December 5, 2020 September 10th, 2021 NGO

05.12.2020

05 декември е познат како Меѓународен ден на волонтерите. Овој ден пружа шанса за индивидуалните волонтери и организациите кои промовираат волонтерски вредности, да ги промовираат своите придонеси за развој на локално, национално и меѓународно ниво.

Меѓународниот ден на волонтерите, е можност за сите нас да го промовираме волонтерство, да ги охрабриме владите да ги поддржат волонтерските напори и да ги препознаат придонесите кои волонтерството ги пружа, а кои помагаат при постигнување на Целите на одржлив развој (СДГ) на локално, национално и меѓународно ниво.

Нашата организација активно организира активности за промоција на СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА и еднакво отворено општество достапно за сите преку волонтерство, младински активизам и младинска работа. Активно соработуваме и поддржуваме активности за социјална инклузија на маргинализираните категории и млади со помалку можности.

Нека е честит денот на волонтерството со интерес и мотивација за одржување на повеќе активности во областа на младинскиот активизам и младинската работа !

Ваш, ЈУНАЈТЕД ЈУТ!