Кочани, 09.12.202
Преставници на нашата организација организираа работилница за заштита на менталното здравје која се одржа на Осоговските планини Moving mountains for mental health and well-being.
Во текот на денот, учесниците уживаа и во природните богатства на Oсоговијата, но ги промовираа и своите идеи за поголема здравствена заштита преку спортски активности и планинарење.
Преку оваа соработка се креираа идеи за подигање на заштита на менталното здравје на младите преку младинска работа и младински активизам.
Младинските работници дефинираа план за во иднина да организираат работилница за заштита на менталното здравје на младите во соработка со локалните основни и средни училишта.
ВАЖНО:
Да се грижиме за нашето ментално здравје и да бидеме активини за подобра благосостојба и контрола на негативните влијанија кои можат да предизвикат нарушување на здравјето!