Eрасмус+ Тренинг Курс Adapting young people to other cultures , Марсеј, Франција 23-27.05 🇨🇵

20.06.2022, Кочани

3 младински работници, преставници на нашата организација присуствуваа на тренинг курс поддржан од страна на Ерасмус+ програмата кој што се одража во Марсеј, Франција.
Во текот на оваа соработка, тие имаа можност да ги подобрат своите знањеа, вештини и способоности во областа на работата со млади од различни култури и традиции. Преку промоција на механизми за подигање на културната свест во Европа нашите младински работници соработуваа со учесници со Италија, Франција, Романија и Грција со кои заеднички дефинираа методи за промоција на млади со помалку можности преку не формалното образование – млади таргет на дискриминација и расизам.

Во текот на проектот учесниците имаа можност да бидат дел од работилница преку која што промовираа идеи како да презентираат социјална инклузија на ранливи категории преку графити. Во текот на овој процес тие промовираа методи за подигање на јавната свест и поголема инклузија на лицата од ранливи категории и различна културна позадина и искуство.

Цели на проектот беа:
• Развивање на иновативни практики кои преку кои ќе се вклучат млади со различни културни позадини во процесот на едукација и социјализација;
• Промовирање на социјалната вклученост на младите луѓе од различни кулутрни позадини преку не формални методи;
• Промовирање на методи за подигање на јавната свест и достапност на различните кулутри и ЕУ традиции;
• Споделување на добри практики помеѓу организациите и презентација на идеи за идна успешна соработка преку Ерасмус+ програмата;

Leave a Reply