Eрасмус+ Тренинг Курс From Digital Mindset to Disable Inclusion: A Youth Worker Challenаge Наполи, Италија 08-15.05.2022 🇮🇹

By May 16, 2022 May 18th, 2022 NGO

16.05.2022, Кочани

4 младински работници, преставници на нашата организација присуствуваа на тренинг курс поддржан од страна на Ерасмус+ програмата кој што се одража во Наполи, Италија.
Во текот на оваа соработка, тие имаа можност да ги подобрат своите знањеа, вештини и способоности во областа на работата со лица со посебни потреби кои се изолирани од општеството и имаат проблеми во процесот на социјална адаптација и промоција На овој проект беа вклучени младински работници од Македонија, Италија, Романија, Литванија, Турција, Грција и Египет. 🇲🇰🇮🇹🇷🇴🇱🇹🇹🇷🇬🇷🇮🇶.

Проектот е дизајниран со цел да им обезбеди дигитален начин на размислување на учесниците, да промовира различни ставови и вештини за комбинирање на новите технологии во неформално образование за да се доближи до проблемите на младите луѓе со когнитивна попреченост. Проектот овозможи промовирање на  дигиталната работа со воведување на виртуелната реалност.

Цели на проектот беа:
• Развивање на иновативни практики кои ги интегрираат новите технологии и неформалното образование;
• Промовирање на социјалната вклученост на младите луѓе со когнитивни попречености преку интеграција на нови технологии и неформално образование;
• Промовирање на самовработување меѓу социјалните обучувачи и инструктори;
• Споделување на добри практики за дигитална младинска работа низ земјите, со тоа што ќе придонесе за промоција на нови иновации и подобрувањето на младинската работа во рамките на ЕУ.

Општата цел на проектот е промовирање на дигитален начин на размислување кај младите луѓе за да се зголеми квалитетот на нивната работа со млади луѓе со когнитивна попреченост.

Учесниците во овој проект имаа можност да го посета и ISH и да се стекнат со нови практични знаења и вештини. Innovative Social Hub (ISH) е социјално претпријатие создадено во 2021 година во Неапол, Италија, од 20-годишно знаење во областа на здравството и 5 години истражување и иновации во областа на дигиталните иновации. Мисијата на компанијата е предлог на иновативни дигитални решенија, засновани на употреба на напредни технологии, како што се виртуелна реалност, зголемена реалност, интерфејс за мозочен компјутер, роботика и сл., во областа на здравството, образованието, обуката и младите, со фокус на младите со помалку можности.

Во текот на проектот нашите преставници имаа можност да го посетат рехабилитциониот центар во Наполи „Villa delle Genestre“ каде што имаа можност од блиску да се запознаат со методите и апаратите за работа со децата кои го посетуваат овој центар за рехабилитација. Учесниците се запознаа со роботот Нои кој одлично комуницира со децата и им помага да ги развијат своите когнитивни способности.

Во текот на работата учесниците дискутираа и креираа стратегии за дефинирање на поимите Когнитивна попреченост, физичка попреченост и сензорна попреченост. Сите групи преку креативни работилници успешно дефинираа идеи за промоција на основните компоненти на овие поими. Преку оваа активност беа промовирани идеи за подигање на јавната свест за лицата и младите со попреченост и промоција на еднакви можности.

Во текот на процесот на соработка учесниците имаа можност да соработуваат и работат со млади лица со посебни потреби кои се дел од Наполи. Во текот на соработката со овие лица, учесниците имаа можност и практично да ги промовираат дефинираните методи од активностите на овој тренинг курс.

Leave a Reply