Кочани, 03.12.2020
3 декември се одбележува како Меѓународен ден на лицата со посебни потреби. Овој ден е посебно акцентиран на потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат лицата со посебни потреби. Но, како што велат многу здруженија, невладини организации, сојузи за лицата со хендикеп – не е доволно само еден ден да им се посвети внимание на овие лица и на нивните права за еднаквост со другите. Тоа треба да биде секој ден, да претставува дел од човечкото општество. Овие лица најмногу бараат еднаквост, самостојно живеење и функционирање во општеството.
Терминот посебни потреби може да означува многу разни состојби: од мали потешкотии во учењето, изразени интелектуални потешкотии, психијатриски нарушувања, хронични болести итн.
Нашата организација активно соработува со лица со посебни потреби и овозможува активности за нивна социјална промоција пред општеството.
Нашата организација овозможува поддршка и организира активности за лица со посебни потреби, доколку сте заинтересирани слободно не контактирајте или посетете ја нашата канцеларија.