Tose Proeski ” A Macedonian Cultural Icon “

By November 5, 2020 September 10th, 2021 NGO

Крушево 23.10.2020

Преставници на невладината организација ”Јунајтед Јут” учествуваа во културна посета на Крушево и посета на спомен куќата на најголемата музичка икона во историјата на Македонија – ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН ТОШЕ ПРОЕСКИ. – https://www.spomenkukatose.org.mk/.

Преставници на спомен куќата ни овозможија да уживаме и да се потсетиме на големите успеси на иконата и неговиот професионален и личен развој.

Во текот на оваа посета преставниците на ЈУНАЈТЕД ЈУТ имаа разговори со вработените во спомен куќата и се запознаа со активностите кои се спроведуваат при посетите од страна на локалните и интернационалните туристи.

Учесниците во текот на посетата се стекнаа со искуства во областа на културата и добија дополнителна мотивација како да ја промовираат Македонија и нејзините културни особености, познати ликови и обичаи.

За делата, хуманоста и посебноста на Тоше не треба да се кријат зборови.