Крушево, 23.10.2020
Преставници на невладината организација ”Јунајтед Јут” учествуваа во културна посета на Крушево. Преку оваа посета остварија соработка и дебати со локалните граѓани, преставници на НГО преку кои ги запознаа со важноста на културната промоција на нашата држава на европско и светско ниво.
Оваа активност беше реализирана со цел да се промовира невладиниот сектор како силна алатка за промоција на културните различности на ЕУ и светско ниво.
Учесниците во текот на оваа посета ги посетија Општина Крушево, Споменик Илинден – Македониум, Мечкин камен.
КРУШЕВО
Крушево првпат се спомнува во историските извори од 1467 година, како мезра т.е. село во состав на имотот на Хусеин бег. Во Слепчанскиот кодик што калуѓерите го воделе од 1544 г., се споменува името Крушево коешто се однесува на сегашнава населба. За време на турското владеење, Крушево било мало словенско село, а на крајот од XVIII век истото припаѓало на Ќерим бег од Охрид, на кого населението на Крушево му плаќало данок сè до 1847 година.
Крушево, како развиена и организирана градска населба се формира во крајот на XVIII век и почетокот на XIX век. За формирањето на Крушево како градска населба, значајно е доселувањето на Власите од Москополе и неговата околина од 1769 до 1788 година и го основале Влашкото Маало. Во почетокот на XIX век во периодот од 1812 до 1821 година се доселила втора група Власи, но сега не од Москополе, туку од планината Грамос. Тие основале ново маало наречено Струнга. По занимање главно биле сточари и го развиле сточарството. Во исто време од Јужна Албанија во Крушево дошле и група православни Албанци кои лево и десно од Крушевска Река го основале Арнаутското Маало. Истовремено од околните села се доселиле и голем број Македонци сточари од мијачките села: Галичник, Лазарополе, Тресонче, Гари и др. кои го основале Мијачкото Маало.
МЕЧКИН КАМЕН
Мечкин Камен — споменик во близина на градот Крушево. Претставува востаник со високо подигната карпа над главата и го претставува последниот очајнички миг во борбата на востаниците од одредот на легендарниот војвода Питу Гули, кои ги дале своите животи при одбраната на Крушевската Република.
Споменикот на Мечкин Камен е изработен во 1983 година. Споменикот е авторско дело на Димо Тодоровски, истакнат македонски вајар и академик од првата генерација вајари, кои го втемелиле современиот скулпторски израз во Македонската ликовна уметност.
СПОМЕНИК ИЛИНДЕН
„Илинден“ или Македониум — споменички комплекс во Крушево. Споменикот бил откриен на 2 август 1974 година на денот на триесетгодишнината на заседанието на АСНОМ и 71 годишнина од Илинденското Востание.[1] Споменикот е создаден од страна на Јордан Грабулоски и Искра Грабулоска. Споменикот ја означува непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава.
Споменикот Илинден се протега на 12 хектари и формата започнува со раскинати пранги продолжува преку криптата и колоритно – мозаичната керамопластична сцената, па завршува со купола извишена 1320 метри надморска височина, од каде се протега инзвореден поглед кон градот Крушево. Внатрешноста на куполата импресионира со своите релјефи, витражите со вечниот пламен и звуците на ораториумот „Сонце на прастарата земја“ од Тома Прошев. Денес во самата купола се наоѓа гробот на Никола Карев и споменица и биста на Тоше Проески.